Новости

Ланци за снег – закон за зимска опрема од 15 Ноември

Ланци за снег од нашите реномирани партнери Лампа Италија и Верига Словенија.

За вашите патнички и комерцијални возила, камиони, автобуси и механизација.

При обилни врнежи и поголема количина на снег, потребна е посебна претпазливост на коловозите и свесност дека можеби е време за поставување на ланците за снег.

Поставувањето мора да биде прецизно, затоа е пожелно да пробате да ги поставите претходно, што може да се направи и во гаража на топло. Kaj повеќето видови ланци, по изминување на неколку метри потребно е повторно да се затегнат, во секој случај е пожелно да застанеме и да провериме дали ланците се доволно затегнати. При поставување на ланците, погрижете се за вашата безбедност и не им пречете на другите возила. Брзината на возење со ланците за снег е ограничена до најмногу 50 км на час, дури и на автопат. На земјен пат ланците треба да ги извадите, бидејќи ќе ги оштетите и ланците и пневматниците, а во исклучителни околности можете да оштетите и некој друг дел од автомобилот.