Антифризот е многу повеќе од средство што спречува замрзнување на течноста во системот за ладење во автомобилскиот мотор. Во составот на антифризот влегуваат посебни адитиви што спречуваат појава на корозија во системот, како и механичко оштетување на металот од страна на несаканите воздушни меури во системот кои се појавуваат како резултат на таканаречена кавитација. Средството против замрзнување ги штити ладилникот, пумпата за вода и каналите за ладење и го спречува предвременото зовривање на течноста.
Погрижи се за твоето возило навреме!